„Да се биде укажувач“

Вистината има цена. Притисоци, уцени, осаменост. Оваа истрага која изгледа како психолошки трилер открива колку чини да се разобличи еден меѓународен скандал.

Ова е приказна за Рафаел Але, кој заедно со Антоан Делтур, обичен француски државјанин му доставиле ултрадоверливи документи на новинарот Едуард Перен. Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари успева да пристапи до документите кои се извор за финансискиот скандал „Луксликс“. Новинарите ги откриваат тајните договори од Луксембург кои им овозможиле на многу меѓународни компании да одбегнуваат плаќање на данок. Приказната на Але била тајна долго време. Новинарот и филмски режисер Беноа Бринже, член на интернационалниот тим кој работи на Панамските документи, за прв пат ги открива неверојатните притисоци врз Але. Државни тајни, манипулации… Беноа Бринже имал пристап до сите документи и се сретнал со сите протагонисти во филмот.

Овој документарен филм, исто така, го обработува и недостатокот на заштита за укажувачите кои преземаат ризик и мора сами да се соочат со моќната државна машинерија и моќните мултинационални компании.