„Новинарство по ново, новинарство по старо“

Краткометражниот документарен филм „Новинарство по ново, новинарство по старо“, преку гледиштата на четворица бразилски новинари го разгледува опстанокот на печатените весници во современиот пејзаж исполнет со интернет медиуми.

Млад претприемач кој од онлајн сферата одлучил да премине во светот на традиционалните медиуми, како сопственик и уредник на „Diário do Povo“, цврсто верува дека има иднина за печатените весници. Од друга страна, гледаме и сопственик на информативен портал кој не се сомнева во потенцијалот на онлајн медиумите; новинарка која е растргната меѓу сонот за сопствен медиумски потфат и љубовта кон весниците; и новинар убеден дека печатените и онлајн медиуми можат да функционираат рамо до рамо.

Документарниот филм „Новинарство по ново, новинарство по старо“ го отвора прашањето, дали и како овие различни визии можат да опстојуваат во еден мал бразилски град како што е Терезина.