„Пајаковата мрежа: Второто кралство на Велика Британија“

„Пајаковата мрежа: Второто кралство на Велика Британија“ е документарен филм кој раскажува како Британија се трансформирала од колонијална сила во глобална финансиска велесила.

При падот на империјата, финансиските интереси на градот Лондон создаваат мрежа на тајни офшор јурисдикции каде се влева богатството од целиот свет скриено зад нејасни финансиски структури по острови. Денес, можеби половина од глобалното офшор богатство е скриено во британските офшор јурисдикции и Велика Британија и нејзините офшор јурисдикции се најголемите глобални играчи во светот на меѓународните финансии. Како се случило ова, и какво влијание има врз денешниот свет? Ова е тоа што филмот го истражува. Преку разговори со водечки експерти, академици, поранешни инсајдери и активисти за социјална правда, преку употреба на стилизирани b-рoll и архивски снимки, филмот нѝ открива како светот на меѓународните финансии, корупција и тајност преовладува над регулативата и транспарентноста, а Велика Британија е во самата срцевина на проблемот.