„Приказната за укажувачите“

Иако укажувачите обелоденуваат прикривани информации за дејства кои им штетат на граѓаните и општеството, нивната храброст често не се оценува како благороден чин, туку напротив, им создава нови проблеми, притисоци и препреки на работното место и воопшто во животот.

„Не постои укажувачки пат кој не е трнлив“, вели еден од протагонистите во документарниот филм – Радомир Илиќ, државен секретар во Министерството за правда. Сепак, постојат правни механизми за заштита на укажувачите и овој филм се обидува да ја нагласи потребата од непречена одбрана и поддршка за луѓето кои истапуваат во име на општото добро.

Оваа „Приказна за укажувачите“ е посветена на луѓето кои пријавувајќи случаи на корупција стануваат морални победници и заштитници на целото општество.

 

Во филмот ги гледаме Валентина Крстиќ, Јасна Барјактаревиќ, Наташа Шкаричиќ, Анила Хоџај, Зоран Гавриловиќ, Радомир Илиќ, Мевлудин Џиндо, Арјан Дурмиши и Среќко Сладољев.

Документарниот филм „Приказната за укажувачите“ е реализиран во рамки на проект за кревање на свеста за укажувачите во Југоисточна Европа, спроведен од страна на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), регионална меѓувладина организација посветена на антикорупциски прашања во деветте земји членки: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Хрватска и Црна Гора.