„Рамница без птици?“

Со цел да се задоволат нарачките на ексклузивните европски ресторани, секоја година криволовците низ Европа и Блискиот Исток убиваат милиони птици.

На Милан Ружиќ и на другите членови на Друштвото за заштита и проучување на птиците на Србија не им се допаѓа таа гурманска навика, што драстично влијае врз зголемувањето на криволовците во Србија. Според податоците на орнитолог, криволовот е посебно изразен во Војводина бидејќи тековите на големите реки (Дунав, Тиса и Сава) претставуваат идеални природни хранилишта и одморишта на птиците. Орнитолозите трврдат дека криволовот е еден од клучните причини што во Војводина има помалку птици! Со оглед на тоа што нема системската реакција од страна на државата, Милан и членовите на Друштвото решија да се спротивстават на ова и да ги натераат надлежните државни институции да постапуваат според законот.