„Црни бели дробови“

Документарниот филм „Црни бели дробови“ се занимава со загадувањето на воздухот во Скопје, проблем што го вбројува градот меѓу најзагадените во светот.

Бројка од 1.350 луѓе годишно умираат од последиците на аерозагадувањето во Македонија. Во 2016 година, секое второ дете што било на лекар имало респираторни проблеми. Надлежните со години не прават речиси ништо за да го запрат загадувањето. Во Скопје, дополнителна опасност предизвикува депонијата на токсичен, канцероген пестицид – линдан во кругот на фабриката ОХИС, кој по 40 години и натаму стои на отворено, на само три километри од центарот на главниот град.