„Загадување: Скопје го стигна Пекинг“

Над илјада мртви годишно и економски штети од 250 милиони евра, тоа е цехот од затруениот воздух кој скопјани го вдишуваат секој ден, пресметаа финските експерти.

Нема гас, ниту трамвај, чие поставување би било поевтино отколку годишните загуби – открива „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“ документарецот на Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, посветен на најголемиот убиец на скопјани.

Филмот доби награда за најдобар документарен филм за загадувањето на Скопје од организацијата Зелен Глобус.