Investigate film festival in Skopje

Партнери

Фондацијата „Фридрих Еберт“ (FES) е непрофитна германска фондација финансирана од Владата на Сојузна Република Германија, со седиште во Бон и Берлин. Основана е во 1925 година и е именувана по првиот демократски избран претседател на Германија, Фридрих Еберт. ФЕС е посветена на унапредувањето на социјално-политичкиот и економскиот развој во духот на социјалдемократијата, преку граѓанско образование, истражување и меѓународна соработка. Фондацијата „Фридрих Еберт“ е најстарата политичка фондација во Германија. Канцеларијата на „Фридрих Еберт“ во Македонија го поддржува процесот на трансформација на државата во следните области:

• Општествен ангажман и активизам
• Социјален дијалог
• Процес на интеграција на Македонија во ЕУ
• Регионална соработка во Западен Балкан