Анастасија Валеева

новинарка

Новинарката Анастасија Валеева од Русија активно се занимава со истражувачко и дата новинарство и отворени податоци.  Како авторка и продуцентка соработува со низа медиуми меѓу кои и руската телевизија НТВ, рускиот „Ескваер“, независниот ТВ-канал Дожд, Russia Beyond the Headlines, Open Democracy и Cafebabel.

Како стипендистка на Институтот Ројтерс при Универзитетот Оксфорд од Велика Британија, Валеева ја испитува употребата на отворени податоци во истражувачкото новинарство.

Предавала дата-новинарство на тренинзи и обуки во Албанија, Германија, Киргистан и Црна Гора, како и во Вишата економска школа во Русија, а сега е ангажирана во Американскиот универзитет за Централна Азија во Киргистан.