Барбара Скјавули

воена репортерка

Наградуваната воена дописничка Барбара Скјавули, известувала од Ирак, Авганистан, Израел, Палестина, Пакистан, Јемен и Судан. Нејзините сведоштва од кризните региони се главно фокусирани на човечките судбини, а италијанската публика ги читала во неделникот L’Espresso и дневните весници Il Fatto Quotidiano, la Repubblica и Avvenire.

Скјавули е ко-основачка на радио програмата Radio Bullets, а има соработувано и со Radio 24, Radio RAI, Radio Popolare, Radio Svizzera Italiana, како и телевизиите RAI, RAI News 24, Sky TG24, LA7 и TV Svizzera Italiana.

Авторка е на книгите Le farfalle non muoiono in cielo („Пеперутките не умираат на небо“, 2005), Guerra e Guerra („Војна и војна“, 2009), La guerra dentro („Војната однатре“, 2013) и Bulletproof Diaries: Storie di una reporter di guerra („Оклопни дневници: Приказни за една воена репортерка“, 2016) и најновата Quando muoio, lo dico a Dio, storie di ordinario estremismo („Кога ќе умрам, ќе му поткажам на Господ – приказни за секојдневниот екстремизам“).