Беноа Бринже

Истражувачки новинар и автор на документарни филмови

Францускиот истражувачки новинар и автор на документарни филмови, Беноа Бринже, е дел од тимот на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) кој работеше на „Панамските документи“ – истражувачка сторија добитник на Пулицеровата награда. Тој е и режисер на двочасовниот документарен филм „Панамски документи: Грабеж на векот“.

Неговиот најнов филм, драматичниот документарен филм „Да се биде укажувач“ за укажувачот Рафаел Але , го отвора првото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје.

Бринже, кој образованието го стекнал на École Supérieure de journalisme во Лил, кариерата ја започнал како репортер за вториот канал на францускиот национален сервис. Во 2007 година станува дописник од Пакистан и Авганистан за повеќе француски медиуми, а подоцна како независен автор на документарни филмови, соработува со телевизии како Canal+, France Télévisions и M6. Од 2012 година работи со Premières Lignes.

Во неговата филмографија се вбројува и „Валканата војна на Обама“, истражувачки филм за цивилните жртви од американските напади со дронови во Јемен и Пакистан.

и режисер на двочасовниот документарен филм „Панамски документи: Грабеж на векот“.