Блаж Згага

фриленс новинар и автор

Словенечки фриленс истражувачки новинар и херој на Новинари без граници. Блаз Згага е ко-автор на „Во името на државата“, бестселер за трговијата со оружје на Балканот во 1990-тите, кога тоа беше регионален специјалитет. Во 2000 година, тој го откри постоењето на тајните американски разузнавачки операции на Балканот и се соочи со петгодишна затворска казна за откривање на „воени тајни“, додека не беше ослободен. Потоа предизвика политички земјотрес во Словенија, откривајќи дека високите словенечки официјални претставници добиле мито од договор со фински производители на оружје. Многумина јавни личности беа погодени од скандалот, кои го вклучуваат и поранешниот премиер Јанез Јанша, кој во јуни 2013 година доби двегодишна затворска казна. Згага добивал смртни закани и со години бил ловен од разузнавачките служби како многу други негови колеги во Словенија.

Тој е ко-основач и директор на CPNS, Центар за истражувачко новинарство во Словенија.