Денис Ампев

активист, здружение „Гласен текстилец“

Денис Ампев работи во невладиниот сектор од 2005 година. Со долгогодишно искуство во работата во националната стратегија за борба против ХИВ во РМ и работата со ранливи и маргинализирани групи на граѓани, а и самиот како поранешен текстилен работник, како активист се вклучува во борбата за работничките права.

Претходно во други здруженија, а сега во „Гласен Текстилец“ – Штип, активно учествувал во изготвување на повеќе иницијативи и проекти како: имплементацијата на законот за „свиркачи“, измена на законски решенија и други проекти поврзани со борбата за правата на текстилните, кожарските и чевларските работници.

Гостувајќи на повеќе семинари, трибини и форуми ги претставува предизвиците во борбата за работничките права како и потешкотиите со кои се справуваат текстилните работници.

Преку активностите во просторот на КУЦ „Текстил“, Ампев работи на подигање на свеста на текстилните работници преку културата и уметноста.