Ѓорѓи Лазаревски

поранешен началник на петтата управа во МВР

Ѓорги Лазаревски заедно со колегата Звонко Костовски се лицата кои ги вадат нелегално прислушуваните материјали во Македонија кои подоцна стануваат популарно познати како „бомби“ кои потоа претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги објавуваше во јавноста. Поминува 11 месеци во притвор од кои 10 во самица поради неприфаќање на спогодба со обвинителството. Тој буквално е познат како свиркачот кој помогна да се промени репресивната влада на Никола Груевски и еден од најзаслужните за промените кои настапија потоа.

Директно од факултетот во 1987 година бил регрутиран во Министерството за внатрешни работи, Управа за безбедност и контраразузнавање, одделение за оперативни техники, популарен во јавноста како УБК, петтата управа. Во период од 19 години постојано бил унапредуван на повисоки позиции и добил многу награди и признанија. Во 2002 година, по 15 години работа, бил  назначен да раководи со целото одделение за оперативни техники. Во текот на четирите години на таа позиција, тој успеал да го подобри капацитетот и ефикасноста на сите нивоа на одделот.

Во 2006 година, без никакво објаснување и со многу елементи на намерно понижување и мобинг, тој тврди дека е деградиран на ниска позиција несоодветна за неговите технички вештини и искуство. Во тоа време тој успева да го имплементира Системот за контрола на патници и возила на границите, што беше главната причина зошто македонските граѓани во 2009 година добија шанса да патуваат во ЕУ без визи. Продолжил да го одржува тој систем и добил промоција во 2012 година.

Во 2013 година, под закана и притисок, поднесува  оставка по 27-годишна работа во службата. Ако не поднесеше оставка, ќе се пензионираше во август 2017 година.