Јордан Дуков

автор на документарни филмови

Соосновачот на продукцијата „Кадар“, Јордан Дуков, е новинар и сценарист со магистратура од областа на медиумите и комуникацијата. Изминативе четиринаесет години има изработено над 600 видеосегменти и документарни филмови за ТВ Телма.

Неговиот „Car Wash Cabaret“ победи на натпреварот за едноминутни филмови на Скопскиот филмски фестивал во 2012 година.

Дуков е режисер и сценарист на краткиот музички документарен филм „Толку многу љубови“ за рокерот Сеад Хаџиќ – Сецко, како и на долгометражниот документарен филм „Планински кавијар“.