Кристина Озимец

Истражувачка новинарка и претседателка на ПИНА [pina.mk]

Кристина Озимец е истражувачка новинарка и претседателка на Платформата за истражувачко новинарство и анализи ПИНА.

Подолг период работи на истражувачки стории и анализи во различни области како политика, корупција, владеење на право, човекови права, граѓанско општество и образование.

Озимец, која има дипломирано новинарство на Правниот факултет во Скопје, исто така е и дописник за Дојче веле за Македонија.

Има добиено неколку награди за нејзините истражувачки стории, како и за професионално известување поврзано со маргинализираните заедници.

Озимец повеќе пати држела обуки и предавања за млади на теми поврзани со истражувачкото новинарство и медиумите.