Мери Јордановска

Истражувачка новинарка - БИРН Македонија

Мери Јордановска од БИРН Македонија и Призма повеќе од една деценија се занимава со истражувачки теми од областа на организираниот криминал и корупцијата, судството, медиумите и трошењата на јавните пари.

Активно се занимава со дата-новинарство и е еден од авторите на базите на податоци „Скопје 2014“, „МедиаПедиа“ и „Странски инвестиции под лупа“.

Добитник е на повеќе награди за истражувачко новинарство и е активен поборник за слободата на говорот и слободни професионални медиуми.