Мајкл Освалд

автор на документарни филмови

Мајкл Освалд е независен автор на документарни филмови кој живее и работи во Лондон, Велика Британија.

Со изборот на теми и наративниот раскажувачки пристап во истражувачите документарци, се забележува неговата намера да открива и проучува настани и идеи кои вообичаено добиваат многу помалку внимание отколку што заслужуваат.

Автор е на долгометражните документарци „97% поседувани“ каде сложениот економски систем се анализира од појдовна точка на навидум едноставното прашање – од каде доаѓаат парите; и „Принцови на јенот“ кој се обидува да продре во затворениот свет на глобалните централни банки и нивното влијание во светот.

Неговиот најнов филм „Пајаковата мрежа: Второто кралство на Велика Британија“ го затвора првиот Истражувачки филмски фестивал Скопје.