Огнен Јанески

новинар и активист, водител на ИФФС

Огнен Јанески е уредник, новинар, ТВ-водител и активист за човекови права, кој работи во ТВ 24 на две дневни ТВ-емисии.

Јанески има 19-годишно работно искуство како дел од неколку медиуми (ТВ, радио, весници и Интернет-портали). Тој работел на телевизискиот проект финансиран од ЕУ – „Мит НЕУтрализатор“ (2010-2012); бил на работен престој во Стејт департментот на САД на програмата ТВ „Ко-Оп“ во 2015/2016 година снимајќи емисии и интервјуа на тема „Борба против корупцијата (американските искуства)“; и е првиот македонски новинар во изминативе 36 години кој бил избран да работи во Одделот за јавни информации при Организацијата на обединетите нации (ООН) на “Меморијална новинарска стипендиска програма Рехам ал-Фара“ во 2016 година, во седиштето на ОН во Њујорк, САД.
Добитник е на многубројни награди и признанија за неговата работа и активизам, меѓу кои и наградата „Зелен глобус“ за најистакнат новинар за екологија во 2017 година; Медиумски амбасадор на програмата за Часот на планетата Земја за Македонија, за 2016-2017 и за 2017-2018 година; „ЛГБТ пријател на годината 2016 “; Втора награда на ЕБОР за најдобра медиумска покриеност за одржливи енергетски прашања 2012; „Златна бургија 2014“ за неговите колумни и „Најдобар говорител на македонскиот јазик“ за 2014 година.

Јанески повремено работи и како колумнист, ПР и тренер/предавач на невладини организации.