Парим Олури

новинар и извршен директор на Insajderi.com

Извршен директор на порталот за вести Инсајдери.ком, а исто така член на Балканската мрежа за истражувачко новинарство. Тој е добро познат по своите истражувања со кои се докажа вклученоста на браќата на поранешниот премиер на Косово, Хашим Тачи во различни бизниси, како и на деловните активности на претседателот на парламентот, Кадри Весели.

Тој исто така беше автор на истражувањето на тендерот за сервисирање на возилото БМВ Х5, добиен од синовите на поранешниот премиер Иса Мустафа. Ова истражување одекна во текот на 2015 година и го натера премиерот Мустафа да го откаже договорот што го потпиша со бизнисот на неговите синови.

Покрај тоа, откако почна да работи на порталот за вести Инсајдери.ком стана познат по истрагата наречена Dosja e Shefave, која го откри влијанието (мито и непотизам) на владејачката партија (ПДК) во сите јавни и независни институции.

Други истраги вклучуваат: Dosja Grande – истрага за визна измама, „Ел Чапо“, истрага поврзана со затворен бизнисмен, кој беше обвинет за тежок обид за убиство, но сепак неговиот бизнис доби милиони евра на тендери од општината Штерпце / Косово и многу други истражувања што можат да се најдат на Insajderi.com.