Павлина Зефиќ

адвокатка

Набрзо по дипломирањето на Правниот факултет, Павлина Зефиќ професионалната кариера ја започнува во Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, каде координирала повеќе проекти за заштита на човекови права и владеење на правото.

Во 2013 година се вклучува во Адвокатската комора на Република Македонија и отвора сопствена адвокатска канцеларија. Зефиќ е адвокатка за граѓанско право, примарно насочена кон заштитата на човековите права, заштита од дискриминација, уставно право и поднесување жалби до Европскиот суд за човекови права, но исто така застапува и обвинети за кривични дела.

Адвокатката Зефиќ редовно пишува на теми од областа на заштитата на човековите права и праксата на Европскиот суд за човекови права.