Роб Монтгомери

едукатор по мобилно новинарство

Роб Монтгомери е основач на Smart Film School, платформа за курсеви од областа на мобилно новинарство и документарни филмови, и автор на прирачниците „Снимање филм со смарт телефон“ (Smartphone Filmmaking) и „Водич за мобилно новинарство“ (A Field Guide for Mobile Journalism).

Во 2012 година организира тренинзи за репортерите и дописниците на Радио Слободна Европа, вклучувајќи ја и првата едукативна лабораторија за мобилно новинарство во светот, сместена во Грузија.

Монтгомери соработува со низа организации и универзитети како австрискиот универзитет FH Wien, новинарската школа EFJ во Париз, SOAS Универзитетот во Лондон, Данската новинарска школа, Универзитетот во Мичиген, Ројтерс, CNN, WAN-IFRA и IREX.

Почнувајќи од 2005 година наваму, Монтгомери обучил повеќе од 10 000 ученици кои ги следеле неговите предавања и работилници за мобилно новинарство.