Сашка Цветковска

истражувачка новинарка

Истражувачката новинарка Сашка Цветковска, наградена со низа национални и регионални признанија, е уредник во Нова ТВ и дел од меѓународната Мрежа за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP). Нејзини текстови се објавувани на светски медиуми како Гардијан, Базфид и германскиот Стандард.

Цветковска, која е поборник за транспарентност во медиумите, е дел од тимот кој ја подготви Медипедиа, истражување за сопственичката структура во македонските медиуми.

Автор е на Spooks and Spins, истражување за пропагандните војни на Балканот, а моментално работи на изнаоѓање решенија за зајакнување на моќта и влијанието на професионалното новинарство, како суштинско оружје во борбата против пропагандата и дезинформирањето.

Изминативе неколку години работела на повеќе национални и прекугранични истражувања во кои се обелодениле случаи на корупција и шпионажа, како и ширење пропаганда како алатка за прикривање криминал и нарушување на демократскиот поредок. Додека работеле на овие истражувања, Цветковска и нејзините колеги постојано се соочувале со закани и притисоци, а со години биле и нелегално прислушкувани од страна на македонските власти.