Убавка Јаневска

новинарка

Убавка Јаневска, новинарка и дописничка од Велес, е главен и одговорен уредник на веб-страницата Дума.мк.

Со новинарство започнува со работа во тогашното Радио Титов Велес пред 25 години. Како професионален новинар работи во „Вардарски глас“, за потоа да стане дописник на Радио Канал 77, дневниот весник „Вест“, телевизиите „А1“ и „Канал 5“.

Јаневска работела на повеќе истражувачки стории и како новинар од Велес активно го следи феноменот на лажни вести кој му донесе светска слава на нејзиниот град.