Златко Златковиќ

монтажер

 

Златко Златковиќ е филмски монтажер, снимател и автор од Нови Сад. Работи на документарци, телевизиски филмови, серии, емисии, како и музички спотови со повеќе регионални продукциски куќи, како Гринфилд продукција, Продукција 021, Кино клуб Нови Сад, ФРЗ Филмски фронт, продукција Качара, Polar elephant, Playground (Нови Сад), Fade in, Restart (Загреб) и Dream studio Bali.

Златковиќ е редовен соработник на неколку филмски фестивали, како Филмски фронт – Нови Сад, Супетар суперфилмски фестивал – Брач, РАФ – Загреб и филмскиот фестивал Либурнија – Опатија, а работел и како продуцент и организатор на Интернационалниот фестивал за актуелна музика – Интерзона во Нови Сад.